Златко Јовановски ја облече Николија за МАС наградите во раскошен фустан од четири метри

Златко Јовановски ја облече Николија за МАС наградите во раскошен фустан од четири метри

пред 2 години

Дизајнерот Златко Јовановски креираше фустан за српската пејачка Николија за настапот на MAC наградите. Розовиот раскошен фустан е долг четири метри, а го работеле три дена.

Ова не е прв фустан што Златко го направил за ќерката на Весна Змијанац. Вели, до сега многу пати соработувале, па затоа му било лесно нејзината идеја од прва да ја претвори во фустан со кој таа ќе пее на настанот во Белград.

„Со Николија до сега сме имале неколку пати соработка, еднаш за спот и неколку пати за нејзини настапи“, рече Златко за „Репортер“.

Ни откри и дека Николија има нејзин стилист со кој соработува долги години, а тоа е Стефан Орлиќ. Од него Златко ја добив насоката за дизајнот и палетата на бои, за да знае како тоа би се усогласило за на сцената.

„Стефан секогаш има маестрални идеи. Во комуникација со него, нивната идеја ја преточив во скица и искрено од прва се погодивме… Мене ми е многу драго што имав прилика да работам за овој проект бидејќи мојата креација беше огромна и совршено се вклопи со таа гигантска сцена. Николија е жена со стил, и перформер кој не се плаши од експерименти, па затоа и знае сè да изнесе на вистински начин“, ни кажа дизајнерот.

Николија, која е во брак со познатиот музичар Реља, објави неколку фотографии од фустанот и се пофали дека имала совршена креација.

Златко, пак, последниве неколку години често соработува со дамите од српската естрада, па креишраше за Цеца, Јелена Карлеуша, Ана Бекута, Драгана Мирковиќ, Вики Миљковиќ и други.

 

 

Share
Scroll to Top