Потребни состојки:
500 грама пилешко филе, 500 грама неутрален крем за готвење, 400 грама шампињони, сол и црн пипер, 500 грама компири, 100 мл млеко, 50 грама путер.
Подготовка:
Пилешкото исечкајте го на коцки, па ставете го во тавче да се пржи додека не порумени. Измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги печурките. Потоа додадете ги во пилешкото и динстајте околу 10 минути. Додадете сол и бибер, а потоа неутрален крем и оставете се да се крчка околу 10 минути.
Компирите сварете ги, па процедете ги, испасирајте ги и додадете ги путерот и млекото. Измешајте и додадете зачини. Послужете топло со салата.