Фулам го комплетираа трансферот на српскиот фудбалер од средниот ред, Саша Лукиќ од Торино за 8 милиони фунти, со што најдобриот напаѓач на лондонскиот клуб, Александар Митровиќ ќе добие „друштво“ во тимот.
26-годишниот Лукиќ, кој произлезе од академијата на Партизан, исто како Митровиќ, потпиша четирииполгодишен договор со премиерлигашот по импресивните настапи за Торино ова сезона.
„Едвај чекам да почнам со работ со тимот. Ги гледав Фулам повеќе пати оваа сезона и играа многудобро. Многу големи фудбалери играле во овој тим, а секако, тука е и мојот сонародник, Александар Митровиќ“, вели Лукиќ, кој има 35 настапи за српската репрезентација.
A message from our latest recruit. 💬#LuksIn 🇷🇸 | #FFC pic.twitter.com/7Afbrsho7f
— Fulham Football Club (@FulhamFC) January 31, 2023