Марго Роби продавала сендвичи, Никол Кидман била масерка, а Ченинг Тејтум стриптизер - професиите на актерите пред да станат славни

Марго Роби продавала сендвичи, Никол Кидман била масерка, а Ченинг Тејтум стриптизер – професиите на актерите пред да станат славни

пред 2 години

Големите имиња на Холивуд воделе сосема обичен живот пред да станат популари. Нивните први професии биле малку платени, но служеле како отскочна даска за влез во светот на познатите.

Џек Николсон учел од познатите аниматори Вилијам Хана и Хозе Барбера, креаторите на „Скуби Ду“ и „Каменковци“. Му било понудено да го позајми гласот во анимирани филмови. Сакајќи да ја изгради својата кариера, тој ја одбил понудата бидејќи ја сакал вистинската улога.

Николсон не е единствениот кој на овој начин влегол во светот на познатите. Комичарот Дени ДеВито по завршувањето на средното училиште работел како фризер во салонот на неговата сестра, а понекогаш дури и ја средувал косата на починати клиенти.

Никол Кидман го завршила курс станала масерка за да и ги олесни болките на мајка си по хемотерапијата, бидејќи не можела да си дозволи да плаќа за масажи. Никол подоцна им помагала на другите работејќи како масерка.

Оскаровката Вупи Голдберг првично работела како козметичар во мртовечница.

Манекенката и актерка Меган Фокс најпрвин заработувала пари како промотер на продавница за смути во Флорида, и се облекувала во костим на џиновска банана.

Марго Роби правела сендвичи во популарниот ланец за брза храна „Subway“.

Холивудскиот заводник Бред Пит работел како промотер – облечен на кокошка и ги канел гостите да го посетат холивудскиот ресторан „Ел Поко Локо“.

Џорџ Клуни работел продавач на осигурување и одел од врата до врата.

Ченинг Тејтум бил стриптизер, а Метју Меконахи чистел кокошарници додека бил на студии на размена во Австралија.

Силвестер Сталоне ги чистел кафезите со лавови во зоолошката градина во Централ Парк, а Кристофер Вокен работел како скротувач на лавови во циркус.

Share
Scroll to Top