(Видео) Не сакале да платат билет за бебето, па му го оставиле на персоналот на аеродромот

(Видео) Не сакале да платат билет за бебето, па му го оставиле на персоналот на аеродромот

пред 2 години

Родители кои требало да патуваат со авион од Израел за Брисел се приведени на испрашување затоа што не сакале да платат уште една карта за нивното бебе, пренесе „Метро“. Им го оставиле на персоналот на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, иако претходно убаво биле замолени да платат.

Израелската новинска агенција „Мако“ пренесе дека настанала кавга откако им ја оставиле количката на персоналот на шалтер и побрзале на местото за контрола за проверка на пасошите. Веднаш повикале полиција која ги нашла и ги привела на испитување.

„Сите сме шокирани. Не веруваме што се случи. Никогаш не сме виделе вакво нешто“, рече менаџерот на персоналот на шалтерите.

Од државното воздухопловство објаснија дека парот бил нестрплив и не им било важно дали ќе минат низ обезбедувањето со, или без бебето.

„И доцнеа за летот. Шалтерите за пријава затворија“, соопштија од израелската управа за аеродроми и додадоа дека родителите ја оставиле количката со бебето и сакале да влезат низ терминалот за да стигнат до излезот на капијата. Биле запрени од менаџерот, кој ги вратил и повикал полиција и обезбедување.

„На крајот си го земаа бебето назад. Овие патници се имаа пријавено за летот, но немаа резервации за бебето. Поминаа кај делот за проверка, но го оставија бебето“, рекоа од компанијата „Рајнер“ која била задолжена за летот.

Агентот за чекирање го контактирал обезбедувањето од аеродромот кои ги собрал патниците, а потоа случајот бил предаден на локалната полиција.

Од компанијата „Рајнер“ објаснија дека луѓето кои патуваат со бебиња можат да платат 25 фунти да ги држат во скут, или да купат посебно седиште за дете по стандардна цена за возрасни.

Share
Scroll to Top