Кристина Димитри сними песна кај Дарко Димитров, па вели дека конечно ѝ се исполни најголемата желба откако почна да пее и настапува низ Македонија. Таа за „Репортер“ кажа дека песната ќе биде готова за многу кратко време.
„Песната е нешто што кај нас немало до сега, со оглед дека на неа работи најдобриот продуцент во Европа па и пошироко. Ми беше најголема желба да работам со Дарко, но чекав да соберам искуство за да влезам кај него во студио. Влеговме да снимаме со една идеја, а на крај направивме друга песна. Инспирацијата беше огромна, а резултатот е лудило. Тоа е таа иста енергија за работа, без ограничувања. Да се работи со некој што знае како да го извади најдоброто од тебе е навистина професионалност на друго ниво. Едвај чекам да слушнете што спремивме“, ни рече Кристина.
Кристина изминатиов период пееше во клубовите низ Македонија, имаше настап на фестивалот во Лешок, а сними и неколку песни. Таа учествуваше и на „Макфест“, каде што ја испеа песната „Салса“ со диџеј Боно. Пред крајот на годината, Димитри го имаше својот прв настап во Хрватска.