Синот на Тијана наполни 14 години, пејачката низ фотографии ја сподели роденденската честитка за Вук

Синот на Тијана наполни 14 години, пејачката низ фотографии ја сподели роденденската честитка за Вук

пред 2 години






Вук, синот на познатата пејачка Тијана Дапчевиќ, денеска наполни 14 години. Таа му честита роденден со неколку фотографии на Инстаграм.

„Син, среќен да ти е овој убав ден, да си жив и здрав и среќен. Те сакаат мама и тато до ќошот на универзумот“, напиша таа под објавата.

Во една прилика пејачката изјави дека Вук е нејзина копија. Таа тогаш сподели фотографија на која направи споредба помеѓу себе и нејзиниот син. А двете фотографии се од времето кога и Вук и Тијана биле бебиња.





Share
Scroll to Top