Манчестер јунајтед е подготвен да понуди 107 милиони фунти (120 милиони евра) за Наполи за напаѓачот Виктор Осимен, пишуваат британските и италијанските медиуми.
„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го реализираат трансферот во летниот преоден рок. Медиумите шпекулираат дека во трката за потписот на Нигериецот главен конкурент ќе им биде Челси.
Осимен е најдобар стрелец во Серија А, на 17 натпревари сезонава постигна 16 голови.
.
Стратегот на Јунајтед, Ерик тен Хаг би го решил потенцијалниот проблем на напаѓачката позиција со доведување на Нигериецот. Марсијал, кој е склон на повреди ќе го напушти клубот, Холанѓанецот Вут Вегерст е позајмен, што значи дека клубот од Олд Трафорд би останал со само еден напаѓач, Маркус Рашфорд.
Откако минатата недела Челзи од Бенфика во своите редови го донесе Аргентинецот Енцо Фернандез за 121 милион евра, што е рекорден трансфер во Премиер лигата, доаѓањето на Осимен во Јунајтед за 120 би бил втор најскап трансфер во Премиер лигата.