Под урнатините на куќа во Јандаирис, Сирија, место тешко погодено од катастрофален земјотрес, спасувачите пронајдоа живо новороденче, сè уште поврзано со папочната врвца со мајката, која не преживеала. Девојчето е единственото преживеано од семејство чии членови загинале во уривањето на четирикатницата.
Во селото на границата со Турција, спасувачите ги извлекле телата на нејзиниот татко Абдула Млеихан, мајката Афра, трите сестри, братот и тетката.
„Го баравме Абу Рудејн (прекарот на Абдула) и неговото семејство. Прво ја најдовме неговата сестра, потоа неговата сопруга и него, тие беа еден до друг“, изјавил за AFP семејниот пријател Калил Савади, кој бил во шок.
„Потоа слушнавме глас додека копавме и набрзо го пронајдовме бебето кое сеуште беше поврзано со папочна врвца со мајката и го однесовме во болница“, изјавил тој.
Life amidst Destruction!
A pregnant woman fighting for life under the debris gave birth to a child.#earthquake #Turkey #TurkeyEarthquake #PrayForTurkey #earthquakeinturkey #Turkiye pic.twitter.com/rsG2WTIQox— Payal Mohindra (@payal_mohindra) February 7, 2023