Приказната за Декстер не е завршена, се враќа со две нови серии

Приказната за Декстер не е завршена, се враќа со две нови серии

пред 2 години

Декстер се враќа со две нови серии, најави ТВ-мрежата „Шоутајм“ .

„Dexter: Origins“ ќе го следи Декстер Морган во периодот кога завршува колеџ и се вработува во полицијата на Мајами, но истовремено се претвора во сериски убиец. Се уште нема информации кој ќе го глуми младиот Декстер.

Другата серија пак е за синот на Декстер, Харисон и ќе биде продолжение на „Dexter: New Blood“ од 2021.

„Серијата ќе го следи Харисон, кој бега во Њујорк по смртта на татко му, додека се бори со својот сопствен Мрачен Сопатник“, најавуваат од „Шоутајм“.

Мајкл Си Хол освои Златен глобус за најдобар актер во 2010 за улогата на Декстер.

Share
Scroll to Top