Жиру за прва победа на Милан по три катастрофални порази

Жиру за прва победа на Милан по три катастрофални порази

пред 2 години

Француската „врска“ Тео Ернандез-Оливие Жиру помогна Милан да ја прекине катастрофалната низа од три порази, за тешко извојувана 1:0 победа над Торино во првиот меч од 22. коло во Серија А, за барем привремено искачување на третото место на табелата.

Актуелните италијански шампиони беа во вистинска криза по убедливите порази од Лацио и Сасуоло и двата порази од Интер во Суперкупот и во лигашкото дерби, така што во јубилејниот 3.000-ти меч во Серија А, мораа да покажат барем желба за победа пред домашните навивачи.

Торино, клубот кој ги елиминираше во Копа Италија на истиот стадион, се покажа како сериозен противник, а на голот го имаа и фантастичниот Вања Милинковиќ-Савиќ, кој неколку пати спасуваше сериозни ситуации. Сепак, ниту тој немаше одговор во 62. минута, кога Ернандез имаше одлична асистенција, а Жиру покажа дека е еден од најопасните напаѓачи кога се работи за игра со глава.

Милан сега се трети на табелата со 41 поен, три зад Интер, и еден пред Лацио, додека Торино остануваат седми со 30 поени.


Standings provided by Sofascore

Share
Scroll to Top