Под урнатините на хотел во градот Адијаман во Турција се пронајдени телата на 16 млади одбојкарки од Северен Кипар и нивните тренери. Тие биле дел од училишната одбојкарска репрезентација од земмаја, а престојувале во хотелот „Исијас“ кој целосно се урна во земјотресот.
„Ги пронајдовме телата на нашите деца за време на операциите за пребарување и спасување што беа спроведени во урнатините на хотелот“, рекол премиерот на Северен Кипар.
Имињата на жртвите не се објавени, а спасувачките екипи и понатаму се обидуваат да ги пронајдат лицата кои се водат за исчезнати. Меѓу нив има и бројни спортисти од неколку земји кои беа на натпревари и подготовки во Турција.