Заради намерна грешка во изградбата на стан на приземје се срушила цела зграда, во Турција уапсени се повеќе лица за несовесно работење

Заради намерна грешка во изградбата на стан на приземје се срушила цела зграда, во Турција уапсени се повеќе лица за несовесно работење

пред 2 години

Во Турција уапсени се повеќе лица кои се сомничат дека несовесно ги граделе зградите кои се срушија по силниот земјотрес. Меѓу уапсените е и Назми Тосун, еден од луѓето кој бил во надзорниот орган додека се градел апартманскиот комплекс Емре во Газијантеп. Овој објект е уништен во потресот.

Истрагата покажала дека поедини столбови во приземјето биле исечени, што било причина плус да се сруши објектот. Во зградата имало 22 стана, а надлежните веруваат дека рушењето немало да се случи ако столбовите биле поставени според прописите.

„Обвинителството почна истрага во врска со зградите кои беа унишени во силните земјотреси кои ја погодија Турција. Експерти во комисијата на терен прават повеќе испитувања. Соработуваме со релевантни институции за да ги идентификуваме одговорните за градбата, кои со несовесна работа допринеле за рушењето на објектот“, изјавија надлежните.

Во Адијаман е приведен Јавуз Каракус, кој бил вмешан во изградбата на голем број стамбени згради во тој град. Уапсен е на аеродромот во Истанбул во моментот кога со сопругата се обидел да побегне во Грузија. Кај него била најдена голема сума на пари.

Медиумите пренесоа дека меѓу неговите работи пронајдени биле 16.000 долари и повеќе од 20.000 лири. На прашањето на новинарите дали совеста му е чиста Каракус рече: Изградив 44 згради, само четири се срушија. Работев по прописи.

Турските медиуми јавија дека полицијата уапсила неколку претприемачи, градежници кои вршеле технички прием на срушените згради и уште неколку инвеститори.

Повеќето од нив се уапсени во обидот да побегнат од земјата. Еден од нив е уапсен во моментите кога се обидел да избега од Истанбул во Црна Гора.

Бугра Далкиран, шефот на Комората на градежн инженери во Кахраманмарас, кој е сопственик на една од зградите кои го издржаа потресот, велат дека опстанокот на зградата нема никаква врска со чуда.

„Не е чудо зграда да остане недопрена, ако е изградена според спецификациите. Повеќето уништени згради кај нас се изградени во деведесетите години, а квалитетот на бетонот е низок“, рече тој.

Некои од експертите се прашуваат колкав профит некои од осомничените можат да заработат со несовенсата градба и крадењето на материјали.

„Трошоците за изградба на зграда изнесуваат 35 до 40 % од вкупната цена. Дури и ако украдете од тоа, можете да остварите профит најмногу од 3 до 5%. Мислиме дека ова се многу мали заработки“, велат тие.

Курир.рс

(Видео) Зградите во Турција се рекламираат како безбедни иако не се изградени по пропис

 

Share
Scroll to Top