На 27 февруари 2023 година, Xiaomi ќе ја претстави серијата Xiaomi 13 на MWC 2023 во Барселона.
Треба да бидат претставени три модели – Xiaomi 13, Xiaomi 13 Pro и Xiaomi 13 Lite.
Додека Xiaomi 13 и 13 Pro ќе бидат истите уреди што беа претставени во Кина на крајот на минатата година, Xiaomi 13 Lite ќе биде ребрендиран во Xiaomi Civi 2.
Сега е објавено кратко видео – отпакување на телефонот Xiaomi 13 Lite.
Xiaomi 13 Lite 5G Unboxing.
Confirms it will be Xiaomi Civi 2 rebrand✅
-6.55″, FHD+, AMOLED, 120Hz, 10bit, 1920Hz PWM, 1k nits, Dolby Vision
-Snapdragon 7 Gen 1
-50MP Sony IMX766 + 20MP Wide-Angle + 2MP Macro
-32MP + 32MP Wide-Angle
-4500mAh, 67W
-In display FPS#Xiaomi13Lite pic.twitter.com/UYF1vbSr7w— Sudhanshu Ambhore (@Sudhanshu1414) February 12, 2023
Најновото видео го потврдува она што досега се шпекулираше за дизајнот на телефонот Xiaomi 13 Lite. Тоа ќе биде ребрендираниот Xiaomi Civi 2, кој всушност е некаква копија на дизајнот на предниот дел на iPhone 14 Pro.
Телефонот има пилула на горниот дел од екранот во која се сместени две предни камери. Двете камери имаат сензори од 32 MP. Видеото ни откри и дека телефонот ќе пристигне во црна, а се претпоставува и во сина и розова боја.
Дополнително, откриено е дека Xiaomi 13 Lite ќе пристигне во кутијата со брз полнач од 67 W и USB-Type C приклучок за синхронизација и полнење.
Минатата недела беше откриено дека цената на телефонот наводно ќе биде 549 евра за верзијата со 256 GB простор за складирање податоци. Тоа е најмоќната верзија на телефонот. Се очекува да пристигне во верзија со 128 GB внатрешна меморија.
За потсетување, почетната цена на телефонот Xiaomi 12 Lite за верзијата со 8/256 GB беше 500 долари, што е околу 465 евра. Потребно е да се земе предвид и курсот на доларот во тоа време, кој беше понизок, што значи уште поголем пораст на цената на телефонот 13 Lite.
Сепак, информациите се уште се неофицијални.