Пејачот Марк Антон седми пат ќе стане татко. Неговата сопруга Надја Фереира, со која се ожени пред две недели, на социјалните мрежи објави слика од трудничкиот стомак. Ова е прво дете на музичарот и триесет години помладата манекенка.
„Најдобриот подарок за Св. Валентин. Благодарам Боже за овој најголем благослов во нашите животи,“ напиша Надја.
Марк има уште шест деца од претходни врски и бракови. Во 1994 година се роди неговата прва ќерка Аријана, која ја има со бившата девојка Деби Росадо. Додека беа заедно, тие го посвоија синот Чејс. Од бракот со мисицата Дајанара Торес има уште два сина, Кристијан Маркус Муњиз и Рајан Адриан Муњиз. Во 2014 година, Антони се ожени со Џенифер Лопез, која ги роди нивните близнаци Еми и Макс.
Ова е прв брак за Надја, која беше финалистка на Мис Универзум во 2021 година.