Се жени градоначалникот Саша Богдановиќ, свадбата ќе биде на Косово

Се жени градоначалникот Саша Богдановиќ, свадбата ќе биде на Косово

пред 4 години

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, и неговата девојка Јелена Брауновиќ ќе се венчаат викендов во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница, Косово. Веста за венчавката за „Репортер“ ја потврдија и нивни блиски пријатели кои ќе бидат гости на свадбата. Тие ни рекоа дека Саша и Јелена се знаат одамна, но дека се заедно околу една година и дека се многу среќни и заљубени.

„Тие ќе се венчаат на Косово, каде што ќе има и ручек за најблиските, а потоа во Скопје ќе склучат граѓански брак и тогаш планираат мала свадба“, ни открија нивните пријатели.

Инаку, Јована е наставничка во ОУ „Киро Глигоров“ во Скопје.

Share
Scroll to Top