Една од најпознатите бразилски манекенки, Жизел Бундшен, викендов се забавуваше во Рио на најголемиот светски карневал. Таа го привлече вниманието на публиката, но и новинарите, бидејќи ова е едно од нејзините први појавувања во јавноста откако се разведе од рагби-играчот Том Брејди. Жизел носеше златни сандали, бели панталони и кроп топ, дополнети со многу накит. На забавата дојде со десетина свои пријатели и се забавуваше до раните утрински часови, додека траеше карневалската поворка.
Карневалот во Рио де Жанеиро годинава се одржува од 17 до 22 февруари, но карневалските случувања ќе продолжат и во наредните триесет дена.