Мојот син почна да станува агресивен, мајката на Брус Вилис открива за состојбата на актерот

Мојот син почна да станува агресивен, мајката на Брус Вилис открива за состојбата на актерот

пред 2 години

Откако му беше дијагностицирана афазија, болест на мозокот поради која лани се повлече од актерството, неодамна беше откриено дека Брус Вилис боледува од деменција, а целото негово семејство е покрај него за да му даде поддршка.

Особено тешко ѝ е на неговата мајка Марлен, која веќе некое време е загрижена за влошеното здравје на нејзиниот син.

„Мајката на Брус нè информира за новостите, се јавуваме еднаш месечно. Таа вели дека не е сигурна дали нејзиниот син сè уште ја препознава. Многу е бавен во однесувањето и секогаш постои блага агресивност. Нормален разговор веќе не е возможен. Но тоа е нормално со неговата клиничка слика“, изјави за „Билд“ извор близок до семејството.

Да потсетиме, семејството на Брус сподели вест за неговата состојба во средината на февруари.

„Откако ја објавивме дијагнозата на Брус за афазија во пролетта 2022 година, состојбата на Брус напредува и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како ФТД). Проблемите во комуникацијата се само еден симптом на болеста со која се справува Брус. Иако ова е болно, вистинско олеснување е конечно да се има јасна дијагноза“, напишаа тие во тогашната изјава.

И покрај болеста, изворот тврди дека Брус сè уште го препознава гласот на поранешната сопруга Деми Мур.

„Деми е во постојан контакт со Брус. Ја користи секоја слободна прилика да помине време со него. Ако не е со него, му се јавува на Брус да ` го слушне гласот. Брус не може многу да зборува и се чини дека малку разбира од она што му го кажува“, рекол изворот.

 

Share
Scroll to Top