„Кајмак“ на Манчевски истовремено ќе има премиера во Порто и во Белград

„Кајмак“ на Манчевски истовремено ќе има премиера во Порто и во Белград

пред 2 години

Филмот „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски во иста недела ќе има премиера на два реномирани фестивали – во Португалија и Србија.

„Кајмак“ на 2 март ќе има премиера на 43. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Фантаспорто“ во Порто, Португалија и ќе биде еден од деветте филмови во главна конкуренција. Во исто време „Кајмак“ е во главната програма на 51. издание на ФЕСТ во Белград, еден од најважните филмски фестивали во регионов. Филмот првата проекција ќе ја има на 3 март, а потоа ќе има уште две, на 4 и 5 март.

Лани „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија, а се прикажа во кината низ 30 градови во земјава.

Во „Кајмак“ главните улоги ги толкуваат Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски.

Филмот имаше светска премиера на фестивалот во Токио лани во ноември. Веднаш потоа беше прикажан и на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајван, а по премиерата во Скопје, „Кајмак“ почна истовремено да се прикажува низ целата држава.

Share
Scroll to Top