И градоначалникот на Осиек ги откачи Бекута и Којиќ: Во европски град не може турбофолк

И градоначалникот на Осиек ги откачи Бекута и Којиќ: Во европски град не може турбофолк

пред 2 години

Откако беше забранет во Пула, концертот на турбофолк ѕвездите Душко Кулиш, Драган Којиќ – Кеба, Ана Бекута и Зорана Миќановиќ, концерт енма да има ни во хрватскиот град Осиек, каде што организаторите од продукцијата „Хилјадарка“ планираа да го преместат пулскиот настап.
“За разлика од Пула, каде што организаторите потпишале и договор за одржување на концертот, во Осиек нема договор. Сега се јави градоначалникот на Осиек,Иван Радиќ кој смета дека таквиот тип музика е неприфатлив за градскиот простор.
„Осиек е средноевропски град, кој има изразена европска димензија, град кој интензивно се развива во вистинска словенска метропола, град кој ја има најголемата културна манифестација во Источна Хрватска – Осиекското лето на културата, која докажува дека таа култура и уметност совршено ѝ одговараат на градот на Драва.

Исто така, Осиек е и град на концерти, забава и дружење. Иако не мислев дека меѓу приоритетите со кои секојдневно се занимавам ќе се најде и прашањето за тоа кој ќе изнајми сала за концерти, мора да се постават некои граници.

Одлуката за неодобрување на турбофолк концертот во градската сала повлекува различни дебати за тоа каде и како да се повлече линијата. Тоа не значи дека оваа одлука не треба да се донесе. Од медиумите дознавам дека нашиот град е претставен како заменска, но сигурна опција за организација на турбофолк концерт (иако, помалку важно за оваа тема, договорот со салата не е потпишан).

Со оглед на идентитетот на градот што го развиваме и кон кој целиме, ваквата „промоција“ секако не е правиот и посакуван пат што го поддржувам. Не сакам да влијаам врз личните музички преференци, но сметам дека треба да се биде селективен во изборот на содржините што се нудат на јавниот и градскиот простор. Па како заклучок, концертот кој стана предмет на дискусија нема да се одржи во градот Осиек“, пишува градоначалникот Радиќ.

Share
Scroll to Top