Студент го скрши стаклото од вагонот и спаси десет луѓе во несреќата во Грција

Студент го скрши стаклото од вагонот и спаси десет луѓе во несреќата во Грција

пред 2 години

20 годишен студент успеал да спаси десетина луѓе во железничката несреќа во Грција. Докторката од унивеверзитетската болница во Лариса, Ерис Цијастудис, објави на „Фејсбук“ за херојскиот подвиг на Андреас Аликаниотис, кој го скрши стаклото на еден од вагоните и спасил десетици патници. Андреас излегол речиси неповреден од 2 вагон.

Иако денеска небото беше исполнето со ангели, ние имаме среќа меѓу нас да имаме земски ангел, дваесетгодишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од вториот вагон. Тој е херој затоа што ризикуваше животот и покрај силниот оган покрај него, не го напушти вагонот туку сам успеа да го скрши стаклото и спаси уште најмалку десет деца, момчиња и девојчиња. Во денешниот мрачен ден Андреас ни покажа дека во новата генерација Грци има добрина, принципи и морал. Секоја чест мој прекрасен Андреас, честитки за родителите кои те воспитале“, стои во соопштението.

За потсетување, меѓуградскиот патнички воз кој сообраќал од Атина до Солун со голема брзина се судри со товарен воз надвор од градот Лариса во централна Грција, изјави гувернерот на Тесалија.

Од ударот настанал пожар во поголемиот број на патничките вагони, при што голем број патници изгореле, а оние кои се спасиле итно биле пренесени во болница.

„Слушнавме голема експлозија, тоа беа 10 кошмарни секунди. Се превртувавме додека не паднавме на страна. Потоа настана паника, насекаде пукаа кабли, пожарот беше моментален, додека се превртувавме. Огнот се ширеше и на десно и на лево“, рече Стергиос Миненис.

Околу 250 патници од автобус се безбедно евакуирани во Солун. Еден патник за државната телевизија ЕРТ рече дека успеал да излезе од вагонот откако со куфер го скршил прозорецот.

За потсетување, станува збор за најсмртоносната железничка несреќа во последните децении, Во 1972 година, 19 луѓе загинаа кога два воза директно се судрија пред Лариса.

Службите велат дека застарениот железнички систем на Грција треба да се модернизира. Заради големиот број возови кои патуваат по една пруга, системите за сигнализација и автоматска контрола допрва треба да се инсталираат во многу области.

Грција го продаде железничкиот оператор TRAINOSE на италијанската Ferrovie dello Stato Italiane во 2017 година како дел од нејзината меѓународна програма за помош, очекувајќи стотици милиони евра да бидат инвестирани во железничката инфраструктура во наредните години.

Според веб-страницата на италијанската компанија, таа е главен снабдувач на патнички и товарен железнички превоз во Грција и сообраќа на 342 патнички и комерцијални линии дневно.

Share
Scroll to Top