Холивудската актерка Дру Баримор ги предизвика нејзините следбеници на Тик ток да ја покажат нивната соба пред и откако ќе ја исчистат.
Предизвикот го започна прво таа. Актерката ја фотографирала неуредната соба, со расфрлани книги и хартии, а ја покажа и неуредната бања, како и плакарот со алишта. По ова видео таа покажа и како изгледа нејзината куќа откако ја исчистила.
Актерката предизвика бројни позитивни коментари на Тик ток а следбениците биле пријатно изненадени.
„Дали нејзината куќа изгледа како нормална куќа? – Не како куќа, туку како дом. Ова прави да ја сакам уште повеќе“, „Фала што ни ја покажа твојата реалност“, „Сакам што нејзиниот дом изгледа како дом, а не како уметничка изложба“, „Ја исчистив мојата куќа затоа што ја видов Дру како ја чисти нејзината“, „Благодарам вие што го споделивте ова’ – ова се само дел од коментарите.
@drewbarrymoreShow me your room before and after you clean it… I’ll go first!
Да потсетиме дека во 2016 година Баримор се разведе од актерот Вил Копелман (44) со кој има две ќерки Олив (10) и Френки (8).
Разводот и бил тежок период, а утехата ја наоѓала во алкохолот. После тоа почнала терапија која и помогнала да се ослободи од зависноста. Таа, исто така, истакна дека благодарение на нејзиното ток-шоу „Шоуто на Дру Баримор“, кое започна да се емитува во 2020 година, има на што да се фокусира.