Кавадарчанката Милица Трајков пееше гола во „Ѕвездите на Гранд“: жирито го коментираше нејзиниот изглед, наместо пеењето

Кавадарчанката Милица Трајков пееше гола во „Ѕвездите на Гранд“: жирито го коментираше нејзиниот изглед, наместо пеењето

пред 2 години

Македонката Милица Ризо Трајков од Кавадарци вчеравечер настапи во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ облечена во необична креација.

Нејзин ментор беше Мили. Таа ги отпеа песните „Нека те боли“ од Лина Пејковска и „Не тиче ме се“. За нејзиниот настап доби четири гласа, со кои се пласираше во баражот, а жирито повеќе го коментираше нејзиниот стајлинг отколку пеењето.

Милица на сцената сепојави во необичниот стајлинг во кој изгледаше како да е гола, целосен конбинизон со голи рамена, надополнет со огромен шешир од кој висеше завеса од монистра. Како што кажа македонската натпреварувачка за нејзиниот стајлинг се погрижила модната дизјанерка Боркица Квин од Кавадарци.

Милица исто така во изминатите нејзини претставувања во „Ѕвездите на Гранд“ носеше уникатни и впечатливи модни креации.

Инаку Милица во слободно време се занимава со модерен балет.

 

Share
Scroll to Top