Седмгодишниот Кристијан ја донираше косата за деца болни од рак

Седмгодишниот Кристијан ја донираше косата за деца болни од рак

пред 2 години

Седмгодишниот Кристијан Кусоњиќ од Босна и Херцеговина од самото раѓање ја расте својата долга кафена коса, а за неа многу внимателно се грижела неговата мајка. Но тој одлучил да ја потстрижи и да ја подари на некој што му е потребна.

„Кога мама ми рече дека наскоро треба да се шишам, ја прашав: Мамо, можам ли да ја дадам мојата коса на мало девојче? -Таа ми рече дека сигурно можам, но дека мора да праша како. Имав голема желба некој да биде среќен што има коса“, изјавил Кристијан.

По договорот со Кристијан, мајката му го испратила неговиот тато да го праша дали телевизиската екипа сака да ја сними приказната за малиот хуманитарец.

Кристијан наскоро ќе тргне на училиште, па токму затоа решил да ја скрати косата, а неговата мајка, татко, брат и сестра не можеле да ги задржат солзите кога момчето се потстрижило.

За момчето кое направи големо дело, семејството тврди дека им е омилен и дека се исклучително горди на него.

Кристијан долгата коса ја донираше на Здружението на родители на деца со малигни заболувања „Искра“ од Бања Лука.

 

Share
Scroll to Top