Рускиот претседател Владимир Путин и се дерел на неговата тајна љубовница, Алина Кабајева, затоа што сметал дека нејзини пријатели изнеле во јавност информации за нивниот ектравагантен стил на живот.
Познато е дека 39 годишната Алина, која е олимписка шампионка во ритмичка гимнастика, му е тајна љубовница на 70 годишниот Путин и мајка на неговите деца.
Првпат ги поврзаа во 2008 година, кога била пратеничка, а медиумот кој објави за нив одма потоа беше затворен. Но, и покрај напорите на Путин нивната врска да ја зачува во тајност и понатаму кружат приказни за нивната романса и неверојатниот луксуз во кој уживаат зад затворени врати, пренесе NZherald.co.nz.
Често ја нарекуваат и царица на Русија. Многумина ја сметаат за размазена, затоа што на Путин му родила синови, нешто што ниту една девојка или жена не му го дала претходно.
Нова истрага направена од независен истражен тим „Проект“ откри повеќе за нивните тајни. За тоа дека Путин и се налутил затоа што работите кои им ги кажал на нејзини пријатели за нивниот живот, тие ги откриле во јавнос, пишува „Дејли мејл“.
Тимот откри и дека Кабаева поседува златна палата опкружена со шума меѓу Москва и Санкт Петербург, каде што во близина има и систем за противвоздушна одбрана кој ги штити неа и децата.
Се верува дека таа и Путин имаат меѓу две и четири деца, меѓу кои и близнаци. Иако извештајот не ги дава точните години и имињата на нивните деца, познато е дека барем едно од нив е момче. Во близина на шумскиот имот од 28 хектари во близина е и кралската резиденција на Путин заедно со голем број други ВИП имоти.
Во знак на благодарност затоа што му дала наследник, во извештајот се тврди дека Путин ја наградил со засолниште во црноморското одморалиште Сочи. Кабаева наводно добила и повеќе од 20 вили и апартмани, исполнети со типичен руски елитен гламур, мермер, кожа и злато.
Наводно има и флота од лимуѕини, и е опкружена со вооружени телохранители за време на посетите во кафулиња во Москва.
Затоа што Путин е познат по тоа што молчи за приватниот живот, не е за изненадување што никогаш никој не го видел толку гневен кога дознал дека во јавноста излегле информации за животот со Кабаева. Според налогот на General SVR на „Телеграм“, Путин ѝ рекол дека нејзините пријатели зборуваат на некој ќош и сè што знаат и сè што не знаат.
„Путин и рекол дека има 100% веродостојни информации дека информациите ги објавиле нејзини пријатели“, навел каналот. Тоа довело до кавга меѓу нив двајцата, а некои од медиумите пренесоа дека на моменти и викал на неа.
Рускиот претседател ги критикувал оние кои пренесоа дека во 2013 година се развел од сопругата Људмила.
„Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. Тоа мора да се почитува“, им рече Путин тогаш на медиумите.
За потсетување, Путин има две ќерки и со поранешна стјуардеса на „Аерофлот“. Нивниот брак заврши во 2014 година. Со поранешната љубовница и чистачка, Светлана Кривоногих ја доби ќерката Јелисавета во 2003 година. Пет години потоа нивната врска заврши
Затоа се верува дека Путин е пресреќен што Кабаева му родила син и наследник, нешто што отсекогаш посакувал. Но, нивната 15-годишна врска беше официјално демантирана од самиот почеток и тоа не се промени. Кабаева контролира значителен дел од медиумите приврзани за Путин и Москва и заработува речиси 14 милиони долари годишно.
Претседател е и на одборот на директори на Телевизијата и весникот гигант National Media Group (NMG). Многу Руси ја сметаат и за причина за разводот на Путин со Људмила. Во 2018 година, Кабаева исчезна од очите на јавноста и ја немаше речиси три години поради сомневањата дека му родила близнаци на Путин во болница во Москва.