По четри години пауза „Фанк шуи“ ќе имаат концерт во МКЦ

По четири години пауза, „Фанк шуи“ ќе има концерт во МКЦ

пред 2 години

По четири годни пауза „Фанк шуи“ ќе имаат свој самостоен концерт, кој е закажан за во петок,  на 31. март. Концерот е во Денсинг салата во МКЦ во Скопје.

Овој концерт, воедно ќе претставува и промоција на долгоочекуваниот трет студиски албум насловен „Никогаш пак“, на кој се поместени хитовите „Крик“, „Метеори“, „Ветер“ и „Не време“.

Бендот најавуваат концерт од час и половина во кој покрај познатите песни, за прв пат во целост ќе го изведат и новиот албум.

Влезниците за концертот ќе бидат во продажба од вторник, 7. март од 10:00 часот наутро, онлајн на bileti.mkc.mk, како и на билетарницата при МКЦ. Првите 100 билети ќе се продаваат по цена од 300, а потоа по 400 денари. На денот на концертот билетите ќе чинат 500 денари.

Share
Scroll to Top