Обвинение за разбојници кои со француски клуч претепале човек пред полициска станица

пред 4 години

Гостиварското Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица кои го сториле кривичното дело – насилство. Настанот за кој се товарат обвинетите се случил на 24. ноември минатата година, кога тие заедно повредиле едно лице и извршиле грубо насилство. Откако оштетениот со своето семејство со возило пристигнал до полициска станица да пријави настан, првообвинетиот го удрил со француски клуч, а второобвинетиот со тврд предмет во пределот на главата. На настанот присуствувале повеќе лица, кај кои од стореното кривично дело било предизвикано чувство на несигурност, загрозување и страв. ​

Share
Scroll to Top