Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти повторно одби да одговори на шпекулациите дека клубот може да тргне повторно по Килијан Мбапе по нова разочарувачка сезона во Лигата на шампиони за Пари Сен-Жермен.
„Кралевите“ веќе се обидоа неуспешно да го донесат Мбапе минатата година, но Французинот реши да го продолжи договорот со ПСЖ. Сепак, сега, тие повторно би можеле да се обидат на лето или да почекаат да го добијат како слободен играч. Анчелоти одбива да ја игра „играта“ на медиумите.
„Дали би сакал да го добијам Мбапе? Прашајте ме денеска, прашајте ме за две недели или за три месеци… Никогаш нема да одговорам на ова прашање“, изјави Анчелоти.
💥 Ancelotti, rotundo cuando le preguntan si le gustaría fichar a Mbappé…
📺 Sigue EN DIRECTO la rueda de prensa de Ancelotti https://t.co/ZCOSfSPesI pic.twitter.com/aMih0TbweZ
— MARCA (@marca) March 10, 2023