Том Хенкс доби Малина за најлоша споредна улога во филмот „Елвис“

Том Хенкс доби Малина за најлоша споредна улога во филмот „Елвис“

пред 2 години

Том Хенкс доби „Малина“ за најлоша споредна улога во филмот „Елвис“ од 2022 година. Во филмот го глуми бившиот менаџер на Елвис Присли, окрутниот и покварен полковник Том Паркер.

Според резултатите од доделувањето на наградата „Малина“ за 2023 година, Хенкс ја заслужи наградата за најлош спореден глумец и за најлоша филмска комбинација. И покрај тоа што е добитник на Оскар, многу критичари и обожаватели ја критикуваа неговата изведба, особено неговиот акцент.

Биографската драма „Blonde“ со Ана де Армас во улогата на холивудската икона Мерлин Монро ја доби „Малината“ за најлош филм и најлошо сценарио. Де Армас, сепак, е во трка за најдобра актерка за улогата на Оскарите в недела.

Со Малина си заминаа дома и Џаред Лето, кој го толкува Мајкл Морбиус и Адрија Архона, која ја толкува дотктор Мартин Банкрофт, во филмот „Морбиус“. Тие ја добија наградата за најлош актер и најлоша споредна женска улога.

Златна Малина доби и Колин Фарел за улогата во филмот „Духовите на островот“, кој е номиниран за „Оскар“. Тој ја доби наградата за искупување, како глумец кој и претходно бил номиниран. Фарел во 2004 година беше номиниран за „Малина“ во категоријата за најлош глумец во филмот „Зимска приказна“.

За потсетување, пред да ги прослават најдобрите филмови во недела, доделувањето на наградите Raspberry во саботата ги прогласи најлошите.  „Малините“ се опишани како грдиот роднина на „Оскарите“ и почнаа да се доделуваат во 1980 година од страна на дипломираните студенти од филмското училиште UCLA и ветерани од филмската индустрија Џон Џеј Би Вилсон и Мо Марфи.

Повеќе од 1.100 членови на Raspberry од САД и дваесетина други земји гласаат за наградите.

Share
Scroll to Top