Свитолина се враќа на тенисот само пет месеци откако стана мајка

Свитолина се враќа на тенисот само пет месеци откако стана мајка

пред 2 години

Поранешната светска тенисерка број 3, Елина Свитолина ќе се врати на тенисот на Чарлстон опен, само пет месеци откако се породи со своето прво дете.

Последен турнир на Свитолина беше Мајами опен во април 2022, по што наскоро објави дека е бремена и дека со својот сопруг, францускиот тенисер Гаел Монфис го чекаат првото дете. Во октомври таа ја доби ќеркичката Скај.

Свитолина доби вајлд-карта за турнирот на земја во Јужна Каролина од 1 до 9 април, каде што ќе настапат и шампионката од Австралија опен, Арина Сабаленка и светските тенисерки број 3 и 4, Џесика Пегјула и Онс Жабер.

Share
Scroll to Top