Глумицата Аманда Бајнс заврши во психијатриска болница откако ја виделе како шета гола по улица

Глумицата Аманда Бајнс заврши во психијатриска болница откако ја виделе како шета гола по улица

пред 2 години

Глумицата Аманда Бајнс (36) била примена во психијатриска болница откако била пронајдена како гола и сама шета по улица, пренесува TMZ. Проблематичната актерка, која се повлече од јавноста, во неделата рано утрото била видена како шета во близина на центарот на Лос Анџелес без облека.

Му мавтала на возачот во автомобилот и му кажала дека се опоравува од психотична епизода, пред самата да се јави на 911. Бајнс била одведена во полициска станица каде тимот за ментално здравје ја ставил на психијатриска опсервација.

Актерката требаше да се појави на повторното обединување на екипата од серијата „All That“, но и тоа е откажано. Пред само два месеци за „Пипл“ рече дека е возбудена што повторно ќе се види со колегите и ќе се сретне со обожавателите, 23 години по завршувањето на оригиналното шоу.

Бајнс глумеше во хумористичната серија од 1996 до 2000 година заедно со Мичел, Тамберели и Денберг. Шоуто го смислија Брајан Робинс и Мајк Толин и траеше десет сезони. Прво се емитуваше на Никелодеон од 1994 до 2005 година.

Во 2019 година, оживувањето на серијата беше потврдено со оригиналниот член на актерската екипа Кенан Томпсон кој е извршен продуцент, а Мичел повторно се приклучи на актерската екипа, во 11-та сезона во јуни истата година.

Share
Scroll to Top