(Видео) „Ми заплакало селото Ваташа“, емотивната изведба на Игор и Андријана ја расплака публиката на „Бубамара“

(Видео) „Ми заплакало селото Ваташа“, емотивната изведба на Игор и Андријана ја расплака публиката на „Бубамара“

пред 2 години

Вчера се емитуваше овогодишното издание на „Златна бубамара на популарноста“. Низа награди, многу настапи, шеги, смеа. Но, овој пат публиката не остана рамнодушна на настапот на Андријана Јаневска и рецитирањето на Игор Џамбазов. Еден од најдобрите македонски вокали ја запеа „Ми заплакало селото Ваташа“, додека Џамбазов ја рецитираше „Цветови“ од Славко Јаневски.

За нивниот настап на големо се зборува. На социјалните мрежи веќе споделуваат воодушевувања заради оваа идеја на Ранко Петровиќ, првиот човек на „Златна бубамара“

. „Браво за Ранко. Ја негува традицијата на Златна Бубамара но и потсетува на македонските народни песни испеани од мака поради терор. Најмладото застрелано момче имало 15 години“, пишуваат на социјалните мрежи потсетувајќи се на стрелањето на младинците во селото Ваташа.

Share
Scroll to Top