Британскиот актер Даниел Редклиф, кој го глуми Хари Потер во серијата заснована на бестселери на Џ.К.Роулинг, го очекува своето прво дете со долгогодишната партнерка Ерин Дарк. Информацијата ја потврдил претставник на 33-годишниот актер.
Редклиф и 38-годишната американска актерка за прв пат ќе станат родители. Двојката се запозна на снимањето на филмот „Убиј ги твоите сакани“ во 2013 година.
Дарк, родена во Мичиген, е најпозната по нејзината улога во серијата „Гуд грл револт“ од 2015 година.