Партизан го „урна“ Реал Мадрид во неверојатен меч во Белград

Партизан го „урна“ Реал Мадрид во неверојатен меч во Белград

пред 2 години

Пред нешто повеќе од 20 илјади гледачи во белградската „Арена“, Партизан го разби Реал Мадрид со 104:90, правејќи голем чекор кон пласман во плејофот.

Тимот на Жељко Обрадовиќ клучната разлика ја направи во втората четвртина, која ја доби со 28:15, а по обидот за камбек на „кралевите“, следуваше доминантна последна четвртина за импресивна победа.

На чекор од плејофот се и Жалгирис, кои со 95:74 го декласираа тимот на Валенсија и ставија и математички крај на шансите на шпанскиот клуб да стигне до плејофот. Тимот на Казис Масквитис сега има 17-15 скор на две кола пред крајот, додека Валенсија забележа шести пораз во последните седум меча.

Одлучувачката серија од 16:3 во финишот на првото полувреме им обезбеди победа на Жалгирис, за кои Лукас Лекавичиус беше најефикасен со 16 поени, додека Арнас Буткевичиус додаде 11 поени, 4 скока и 4 украдени топки.

ЕВРОЛИГА, 32.КОЛО
Баерн Минхен – Монако 81:84 (22:23, 18:22, 20:12, 21:27)
Жалгирис – Валенсија 95:74 (21:16, 31:24, 22:15, 21:19)
Басконија – Фенербахче 92:69 (25:27, 13:17, 22:14, 32:11)
Олимпијакос – Панатинаикос 81:73 (16:17, 17:21, 24:10, 24:25)
Партизан – Реал Мадрид 104:90 (21:23, 28:15, 29:34, 26:18)

Share
Scroll to Top