Детскиот музички фестивал „Поточиња“ оваа година прославува 20 години постоење. На 13-ти и 14-ти мај во Македонската филхармонија по јубилеен 20-ти пат ќе се одржи фестивалот на кој ќе бидат изведени нови детски песни.
Ќе има голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на „Поточиња“. Водител. а водено и маскотата Поки на јубилејното издание на „Поточиња“ ќе биде актерот Мартин Јорданоски .
Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба преку продажната мрежа МК Тикетс. Претставите се закажани во 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.