Суперлуксузната јахта првпат ќе исплови од Риека: бродот има хеликоптер и подморница

Суперлуксузната јахта првпат ќе исплови од Риека: бродот има хеликоптер и подморница

пред 2 години

На 3-ти мај првпат од Риека кон Лисабон ќе исплови суперлуксузната јахта која е целосно изградена во Хрватска. Тоа е суперлуксузниот брод на „Сценик“ за поларни крстарења и истражувања наречен Еклипс II.

Може да смести до 237 патници во 114 дизајнерски кабини, со 200 членови на екипажот на располагање. Првото крстарење ќе трае 12 дена од Лисабон до Барселона, а цената на крстарењето ќе биде од 9.000 до 32.000 евра.

„Ова е голем ден за сите нас заедно. Горд сум на сите кои учествуваа во овој проект, кои ни помогнаа да ја завршиме оваа работа, на нашите партнери, подизведувачи, бродот да го изградиме три месеци пред крајниот рок и во рамките на буџетот“, изјавил директорот на компанијата МКМ Јахти, Саша Чокљат, член на австралиската група „Сценик“ за Нова ТВ дневник.

Тој наведува дека се работи за суперлуксузна јахта, а исто така истакнува дека е единствениот брод во светот кој има и хеликоптер и подморница, а содржи различни капацитети на еден брод за крстарење.

Станува збор за сестрински брод и надградена верзија на Еклипс I, луксузен патнички брод за поларни крстарења што беше лансиран минатата година на крајот на јуни на 3-ти мај.

 

 

Share
Scroll to Top