Концерт на „ПМГ колектив“ со најголемите хитови во МКЦ

Концерт на „ПМГ колектив“ со најголемите хитови во МКЦ

пред 1 година

„ПМГ колектив“ ќе ги изведе своите најголеми хитови во МКЦ во Скопје, утре со почеток во 21 часот. На концертот аќе го промовира своето најново издание – двојниот винилен албум „Најголемите хитови“.

Бендот ќе настапи во проширен состав наречен „ПМГ колектив оркестар“, во кој ќе бидат  Синиша Евтимов (гитара), Александар Гавровски (бас гитара), Мирко Попов (вокал), Владан Дробицки (тромбон), Марија Каева (вокал/синтисајзер), Дино Милосављевиќ (тапани), Васко Бојаџиски (саксофон) и Павел Дробицки (бас гитара). Излегувањето на албумот беше проследено  и со објавување на новата верзија на еден од најголемите хитови на групата, „Скопјанка“.

„ПМГ колектив“ досега има издадено девет студиски албуми, четири компилации и бројни песни а имаат и музика за филм и театар.

 

Share
Scroll to Top