Во Данска има банка во која се чуваат 10.000 човечки мозоци

Во Данска има банка во која се чуваат 10.000 човечки мозоци

пред 3 години






Во Универзитетот на Јужна Данска, складирани се 10.000 човечки мозоци собрани без согласност на пациенти кои умреле во психијатриски институции низ целата земја во текот на четири децении.

Во 90-тите години данскиот етички совет одлучил дека овие мозоци може да се користат за истражување. Експертите велат дека со текот на годините колекцијата помогнала во истражувањето на многу болести, како што се деменција и депресија.

Се верува дека ова е најголемата колекција од ваков вид во светот.





Share
Scroll to Top