Поп-пејачката Калиопи имаше настaп во Мадрид, пред официјалната Евровизија. Организаторите на „Ла Ривиера“ ја најавија Кaлиопи како македонската дива, и така ја пречекаа.
Таа пееше пред преполна сала. Присутните заедно со неа во хор ги пееа евровизиските „Дона“ и „Црно и бело“. Калиопи изведе и една шпанска песна со која ја испочитува евровизиска публика.
Калиопи имаше време и да се подружи со евровизиските фанови, да се фотографира, да им подeли автограми, но и да даде интервјуа за шпанските медиуми.
Калиопи првпат на Евровиизја настапи во 2012 година со песната „Црно и бело“, во Баку Азејберџан, потоа во 2016 година ја претстави Македонија со песната „Дона“ во Шветска. И двете песни на Калиопи беа авторско дело на нејзиниот поранешен сопруг, Ромео Грил.
Македонија оваа година нема да учествува на Евровизија, такава одлука донесе Македонската Радио Телевизија.
„Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143,00 евра, а идната година се очекува да биде повисока. Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, кадешто се одржува „Евросонг 2023“, велат од МРТ.
Македонската Радио Телевизија на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале.