Торта со сезонско овошје и слатка павлака

Торта со сезонско овошје и слатка павлака

пред 2 години

Состојки:
За кора: 9 белки, 300 гр шеќер, прстофат сол и 1 лажица јаболков оцет

Фил: 9 жолчки, 300 мл млеко, 4 лажици шеќер, 4 лажици остро брашно, 3 ванилин шеќери и 250 гр путер

Додатоци: овошје по избор (банани, киви, јагоди, малини) и 500 мл слатка павлака

Подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките, па додадете го солот и со миксер изматете, да добиете густа бела смеса. На половина пат од мешањето, додадете јаболков оцет и шеќер и матете ги додека не добиете сјаен итврд

Кружниот калап обложете го со хартија за печење, врз него ставете дел од смесата, израмнете го и печете го во загреана рерна на 150 степени околу 60 минути.

Постапката повторете ја и за останатите кори.

Доколку сакате колачот да биде правоаголен, во голема тава испечете една кора која ќе ја исечете на три дела.

Измешајте ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете брашно и малку млеко. Во тенџере ставете го остатокот од млекото, додадете ја смесата со јајцата, сè убаво измешајте, па сварете густ, сјаен крем.

Добро изладете го кремот, а потоа во изладениот крем додајте го изматениот путер и сè убаво измешајте.

Во посебен сад изматете ја слатката павлака.

Ако сте направиле една голема кора, пресечете ја по должина на три еднакви дела и наредете ја тортата: на првата кора нанесете дел од кремот од ванила, врз кремот наредете го исечканото овошје по избор и премачкајте го со шлаг.

Истото повторете го и со другите две кори, а потоа целата торта премачкајте ја со преостанатиот шлаг и декорирајте по вкус.

Доколку сте направиле неколку кружни кори, наредете ги една врз друга и на ист начин филувајте ги, а на крај премачкајте ја целата торта со шлаг и декорирајте по вкус.

Share
Scroll to Top