Десерс погоди, Кремонезе го победи Емполи

Десерс погоди, Кремонезе го победи Емполи

пред 1 година

Фудбалерите на Кремонезе го совладаа Емполи со минимален резултат (1:0) на отворањето на 30. коло во Серија А.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Сирил Десерс веќе во четвртата минута од натпреварот, со што стигна до својот шести оваа сезона во лигата.

Ова е втор триумф во низа на Кремонезе, по оној во последното коло против веќе отпишаната Сампдорија. Тимот сега е на 19 бода или седум помалку од Специја, која е прва во безбедната зона.

Емполи е безбеден. Сезонава имаат само седум победи, но дури 11 нерешени, што е доволно за 32 бода и 14. позиција на табелата.

Во следното коло Кремонезе гостува кај Удинезе, додека Емполи ќе го пречека Интер.

Share
Scroll to Top