Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска со подвиткани фармерки кај глуждот и патики денес беше на богослужба во храмот на Воскресение во Ерусалим. Таа нма ниту шамија на главата, која е задолжително нешто во свет храм во Ерусалим.
До неа пак, е и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој внимавал на облеката. По објавата на фотографијата имаше многу негативни коментари за фармерките на Костадиновска-Стојчевска: Кај ојш чупе море по фармерчиња. Цапари на панаѓур ли?-е само еден од многуте коментари.
Денс со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим. На богослужбата чиноначалствуваше патријархот ерусалимски Теофил со архиереите на Ерусалимската патриаршија.
На богослужбата присуствуваше и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф кој ја предводи црковната делегација.