Поранешната директорка на театарот „Комедија“ Нора Шаќири-Марковиќ стави шамија на глава и се фотографираше пред џамија.
„Точно е, тоа што носиш на себе не е повеќе важно од она што носиш во себе, но пристојноста е многу важна кога влегуваш во свето место, жените секогаш, без исклучок треба да се закопчани и со марама на глава“, вели Шаќири-Марковиќ.
Ова многумина го поврзаа како индиректна реплика на гафот на министерката за култура која со подвиткани фармерки беше на богослужба во Ерусалим.