Македонката Делта Амиџовски, собори атлетски рекордот во Австралија на олимписка шампионка

Македонката Делта Амиџовски, собори атлетски рекордот во Австралија на олимписка шампионка

пред 2 години

Делта Амиџовски, австралиската атлетичарка со македонско потекло го урна рекордот на олимписката шампионка Сели Пирсон во Австралија на трката на 100 метри со пречки за натпреварувачки до 18 години.

Амиџовски постигна време од 13,02 секунди и така го урна рекордот на Пирсон од пред 20 години, кој изнесуваше 13,14 секунди.

„Не можам да верувам. Ова е голем благослов. Кога работите напорно, резултатот ќе се исплати. Чувството е неверојатно. Сали беше мојот идол и да се урне нејзин рекорд е нешто неверојатно“, кажа Амиџовски.

Share
Scroll to Top