Принцот Вилијам не планира да се сретне со својот помлад брат, принцот Хари кога ќе пристигне во Обединетото Кралство на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, пишуваат странските медиуми.
Крунисувањето на нивниот татко, кралот Чарлс Трети таа е закажано за 6-ти мај. Кралските аналитичари рекоа дека Хари разговарал со својот татко во саботата во обид да ја намали тензијата околу неговото пристигнување на крунисувањето. Сепак, тие не разговарале за разликите меѓу Хари и Вилијам.
„Сан“ пренесува дека за време на церемонијата за крунисувањето на Чарлс нема да има време браќата да се сретнат.
Уредничката на магазинот Majesty, Ингрид Сјуард изјави дека сите членови на кралското семејство имаат премногу обврски и дека е разумно да се заклучи дека разговорот на Хари со Вилијам е одложен за друг пат.
„Чарлс ќе го пречека својот син. Мислам дека решавањето на неговата врска со Вилијам е одложено за друг пат“, изјавила таа.
Се шпекулира дека ова ќе биде првпат Хари и Вилијам да се сретнат откако Хари ги објави своите мемоари во јануари, во кои го означи својот брат како свој главен непријател.
Да потсетиме, под знак прашалник беше дали принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, но според странските медиуми, познато е дека тој сепак ќе дојде на свечената церемонија. Сепак, познато е и дека неговата сопруга Меган Маркл нема да присуствува на крунисувањето за да го прослави 4-тиот роденден на синот Арчи.