Сите 100.000 примероци се распродадени од новиот број на францускиот „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа на насловната. Ова во понеделникот го потврди директорот на „Плејбој“, Кристоф Флорентин, кој рече дека поради големата побарувачка испечатиле дополнителни 60.000 примероци.
Додаде и дека сите изданија биле продадени за помалку од три часа.
Марлен позираше во облека и ниту на една од фотографиите не е гола, но и покрај тоа сите броеви биле распродадени заради нејзиното одлично, зачинето интервју, велат урендиицте. Шјапа ја критикуваа во Франција затоа што се согласи да позира за „Плејбој“.
Особено ја критикуваа затоа што позирала во време кога француската влада се соочува со голем број критики и притисоци заради пензиските реформи. Шјапа е министер за социјална економија, а за „Плејбој“ позираше во бел фустан и зборуваше за феминизмот и женските права.
Шјапа која беше поранешна државна секретарка за родова еднаквост во периодот од 2017 до 2020, во интервјуто го бранеше правото на жените да бидат онакви какви што сакаат да бидат, пренесе „АФП“.