Барселона во текот на летниот преоден рок се обиделе да го вратат Тијаго Алкантара од Баерн Минхен, пред тој да реши да замине во Ливерпул за 25 милиони фунти, тврди британскиот „Гардијан“.
Барселона во последен момент се обидел да го „расипе“ трансферот во Ливерпул, но не успеале да го убедат својот поранешен играч да се врати на „Ноу Камп“, откако Јирген Клоп со видео-разговори го убедил Шпанецот за проектот на „црвените“.
29-годишниот Алкантара одигра 100 меча за Барселона од 2009 до 2013 година, освојувајќи две титули од Ла лига и една од Лигата на шампионите, по што замина во Баерн. Сега, тој наводно бил подготвен за нов предизвик во кариерата кој ќе го најде во Премиер лигата. Тој ги пропушти мечевите со Арсенал и Астон вила по позитивниот тест на корона вирус, но се очекува да се врати за Мерсисајд дербито со Евертон во сабота.