Сторми Даниелс ги сруши сите рекорди на гледаност на сајтот за возрасни Pornhub, откако бившиот претседател на САД, Доналд Трамп се појави на суд под обвинение дека ѝ дал пари за да молчи за нивната афера. Обожавателите го пребарувале нејзиното име повеќе од 650.000 пати.
Трамп ја негираше аферата и тврдењето за исплатата на парите. Податоците објавени на веб-страницата покажаа дека со објавувањето на вестите за импичментот на Трамп, пребарувањата за Сторми Даниелс се зголемија, достигнувајќи го својот врв на 631.254 минатиот петок.
Нејзината популарност уште повеќе се зголеми, кога Трамп се појави пред судот, достигнувајќи рекорд од 662.319 прегледи. Пребарувањето за неа претходно скокнаа на 21 март, кога Трамп предвиде дека ќе биде уапсен, иако до тоа никогаш не дојде. Тој ден 467.078 фанови го пребарале нејзиното име.
Доа е драматичен скок во однос на вообичаените бројки кои се мерат со неколку илјади. Сторми Даниелс која ужива во вниманието кое го добива, во врска со овој случај. Додека целиот случај дополнително ја зголеми популарноста на Трамп и донациите за кампањата, се чини дека тоа е и профитабилен момент и за Даниелс чие вистинско име е Стефани Клифорд.
Таа ојбави на „Твитер“ дека пристигнуваат се повеќе нарачки за робата што ја продава преку Инстаграм „#TeamStormy“ и им се заблагодари на своите следбеници за нивната поддршка.