Чивавата Перл со висина од 9,14 сантиметри и тежина од 553 грама е прогласена за најмалото куче на светот. Гинисовата книга на рекорди на својот канал на Јутјуб објави видео од кучето кое е помало од далечински управувач.
„Тивка е, но вистинска дива“, открила сопственичката на најмалото куче на светот, Ванеса Семлер. Таа додадла дека Перл сака класична музика и да гледа телевизија, а омилена храна и е висококвалитетно пилешко или лосос. Ужива и во друштво на други кучиња.
Претходното најмало куче на светот беше тетката на Перл, Мили, која беше висока 9,65 сантиметри.