Најбараната стендап-претстава „Влези, не се соблакај“ на Весна Бејби Петрушевска, трет пат пред скопската публика

Најбараната стендап-претстава „Влези, не се соблакај“ на Весна Бејби, првпат во Охрид на 5 мај

пред 2 години

Најбараната стендап-претстава „Влези, не се соблакај“, е исповед за животот на Весна Петрушевска, во ко­ја во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падо­ви, како и најзначајните моменти од нејзиниот жи­вот, дет­ството, мла­доста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.

Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.

„Влези, не се соблакај“ на барање на публиката по трет пат ќе гостува во Скопје во „Јавна соба“ на 3-ти мај. А на 5-ти мај во Охрид во НУЦК „Григор Прличев“.

Share
Scroll to Top